Во Куманово пријателски натпревар одиграа екипите на домашниот тим на ЖФК Речица против ЖФК Истатов од Дојран. Натпреварот заврши мирољубиво со резултат од 1:1 во меч одигран во тешки услови односно на влажен терен каде што беше тешко да се исконтролира топката.

Стрелец за домашната екипа беше голманката Јована Јовановска која што ја презеде одговорноста да бие од белата точка и таа задача успешно ја заврши. По неколку претходни неискористени пенали голманката во тимот им покажа како успешно тоа се изведува.

Инаку средбата се одигра во фер и коректна атмосфера, каде што преовладуваше борбеноста помеѓу двата тима и овој нерешен резултат е реален исход. Јовановска покрај тоа што постигна гол, одлично си ја заврши работата и при нападите на противничките фудбалерки каде што беше и играч на натпреварот.
Фото: Фк.Жфк Речица



