Голманот на Баер Леверкузен, Лукаш Храдецки, на Јутјуб каналот на клубот, беше на квиз за познавање на знамињата на државите низ светот и покажа огромно познавање. Финецот кој е роден во Словачка, погоди дури 90 од 92, само ги помеша знамињата на Туркменистан и Таџикистан, како и знамињата на Брегот на Слонова Коска и Република Ирска.
Кога дојде редот за македонското знаме, тој искоментира: „Навистина никогаш не сум видел вакво знаме“. Знамето на Македонија е веднаш по завршувањето на втората минута од видеото:



