Жељко Бабиќ по завршувањето на натпреварот Еурофарм Пелистер – Татабања во рамките на Европската лига ја даде за клупскиот сајт следнава изјава:
,,Татабања е цврст тим, нивниот тренер преферира добра одбрана. Притисокот кој го носеше овој натпревар го донесе оној ракомет на терен, што можеби не беше и премногу убав за гледање. Чекавме грешка на противникот за да се одлепиме, во тоа и успеавме и дојдовме до посакуваната победа. Честитки до играчите кои се бореа за секој милиметар и за секоја топка, јас сум горд на нив. Следи нова пресметка со Татабања, тоа сигурно ќе биде нов меч и верувам дека ќе биде нов неизвесен дуел, затоа што противникот никогаш не се предава. Доаѓа нова борба, за секоја топка, за секој метар. Мора да се одмориме малку физички колку што можеме, па пак да тргнеме со една борбена игра кон нова победа” – кажа на крај тренерот Бабиќ.



