Двократната победничка на Отвореното првенство на Австралија и некогашна најдобра тенисерка во светот, Викторија Азаренка, испадна во првото коло на турнирот во Мелбурн откако загуби со 7:5, 6:4 во дуелот со Џесика Пегула. Азаренка го загуби првиот сет, а во вториот губеше со 4:2 во сетови, кога сервираше ас за 40:0, но потоа ѝ се слоши.
Тенисерката едвај стигна до своето место за да седне и се бореше да земе воздух. Судијата ги повика и лекарите, па следуваше медицински тајмаут во соблекувалната. Азаренка се врати и го доигра мечот, а на крајот загуби. На прес-конференцијата по мечот, Азаренка беше лута зошто се интересираат кој бил нејзиниот проблем и зошто побарала лекарска помош.
Азаренка во меѓудругото кажа дека лекарите не смеат да откриваат никакви информации за состојбата на нивните пациенти и дека треба да се смени правилото тенисерите/тенисерките да откриваат кој им е здраствениот проблем, ако освен самите тоа не го посакаат.



