Езџан Алиоски одигра феноменално за Лидс и се радуваше на победа против Кристал Палас од 2:0 во првиот меч во кој неговиот тим не прими гол во новата 2021 година. Џек Харисон со убав гол во третата минута најави дека бодовите ќе останат во Јоркшир, а потоа печат на победата стави Патрик Бамфорд.
Лидс Јунајтед со десеттата победа сезонава во Премиерлигата го прескокна Арсенал на 10. место со 32 бода. Кристал Палас остана на 13. место со 29 бода. Следно коло тимот на Алиоски ќе се соочи против Арсенал.



