Петтата овосезонска германска станица од Светскиот куп во ски скокови во машка конкуренција беше гратчето Клингентал.
На денешната програма беше второто индивидуално натпреварување на скокалницата ,,Вогтланд Арена” во изминатите два дена.
Исто како и претходните два дена, така и денешниот помина во знакот на Халвор Егнер Гранеруд, кој ја запиша јубилејната десетта овосезонска победа.
Бор Павловчич вчера го освои третото место, а денес, по вторпат во кариерата, се искачи на победничкиот подиум, пред сè поради скокот од 146 метри во втората серија што е за половина метар пократко од актуелниот рекорд.
Подиумот го заокружи домашниот скокач, Маркус Ајзенбихлер, кој беше прв после првото скокање.
Освен нив, пласман во првите десет изборија уште: Роберт Јохансон, Јукија Сато, Камил Штох, Домен Превц, Давид Кубацки, Кеичи Сато и Анже Ланишек.
📸 fis-ski.com



