Атлетик Билбао е последниот патник во полуфиналето во Купот на Кралот, откако го елиминира Бетис по изведувањето пенали со 4:1. Баскијците во последните секунди од дуелот избегнаа пораз откако Гарсија погоди во четвртата минута од судиското надополнување за 1:1.
Во пенал-рулетот голманот Симон одбрани два удари на домаќините, додека Гарсија, Вилијамс, Морсилјо и Берчиче без грешка погодуваа за Билбао. Тимот од „Сан Мамеш“ им се приклучи на веќе познатите полуфиналисти Леванте, Севилја и Барселона, кои ќе разигруваат за трофејот во шпанскиот Куп.



