Екипата на Ст. Мирен имаше серија од две победи остварени над Данди Јунајтед (1-5) и над Селтик (1-2), но денес истата беше прекината од страна на Хиберниан.
Имено, претставниците на Единбург ги поразија избраниците на Џим Гудвин со резултат од 1-2.
Клучен елемент на мечот беше директниот црвен картон на голманот на Ст. Мирен, Џек Алнвик, во 36. минута.
,,Светците” успеаја да го преживеат првото полувреме без примен погодок, но казната дојде во 55. минута, кога џокерот од клупата, Рајан Портиус, го постигна својот прв овосезонски погодок.
Само петнаесет минути подоцна, Мартин Бојл беше прецизен од белата точка за удвојување на предноста на Хиберниан, а конечниот резултат го постави Џонатан Обика (74′).
,,Нема да дозволиме денешниот резултат да го наруши нашиот дух. Ќе се консолидираме и ќе се обидеме да победиме во сабота.” – се огласи тренерот на домаќините – Џим Гудвин.
Со овој триумф, Хиберниан изби на третото место на табелата, додека Ст. Мирен и покрај поразот, останува на шестата позиција.
📸 Allan Picken



