Хесе Родригес ќе игра за Лас Палмас во Сегунда до крајот на сезоната. Пристигна во клубот од родниот град како слободен играч со кус договор до јуни годинава и се очекува да биде големо засилување.
Хесе има 27 години и доби раскин на договорот со Пари Сен Жермен, што му траеше до ова лето, откако популарните ,,Светци” го купија од Реал Мадрид во 2016 година за 25 милиони евра.
За францускиот првак одигра само 12 натпревари, а честопати беше позајмуван во други клубови. Играше и за Реал Мадрид од 2011 до 2016 година, како еден од најталентираните играчи во Европа во неговата генерација. Кариерата не се развиваше како што од него се очекуваше, па ПСЖ дури четирипати го позајмуваше фудбалерот на многу клубови.



