Стефан Ристовски во продолжение од сезоната ќе го носи дресот на Динамо Загреб. Ова го тврди португалскиот спортски весник „А Бола“. Според најавите, Спортинг и Динамо ги договориле сите детали околу договорот.
Ристовски има искуство со играње во хрватското првенство, затоа што во минатото го носеше дресот на Риека, а потоа замина во Спортинг. Во португалскиот гигант помина три години, но сезонава го загуби местото во стартниот тим. Одигра вкупно 82 меча и имаше девет асистенции за погодок.
Спортинг Лисабон ќе заработи на трансферот 1.3 милиони плус 10 % од следниот трансфер. Во Динамо Загреб, Ристовски ќе биде соиграч со Аријан Адеми кој ја има капитенската улога во хрватскиот тим.



