Џенова како гостин го победи Кротоне со убедливи 3:0, а Горан Пандев со влегувањето во игра во 71-вата минута изедначи еден рекорд во Серија А откако за победа се доделуваат три бода.
Пандев по 154-ти пат во кариерата влезе во игра од клупата за резерви и тоа е изедначување на рекордот на Серџо Пелисие. На следниот меч на кој Пандев ќе влезе како резерва, ќе постави рекорд и ќе испише историја во италијанското елитно друштво како најкористена резерва. После оваа победа, трета во последните четири кола, Џенова е 14-та, со 6 бода плус од опасната зона.



