Во првенствени натпревари тимот на Олимпијакос од Никозија кој го презеде македонскиот стручњак, Чеде Јаневски и потпиша договор до крај на сезоната на дебито одигра реми на гостувањето против фаворитот Омонија иако имаа предност од 0:1, сепак гостите мораа да се задоволат со реми и поделба на бодовите.
И на вториот натправар имавме преставник од Македонија, а се работи за младинскиот репрезентативец Давор Здравковски кој игра за Аел Лимасол и исто така на гостински терен одигра реми со резултат од 2:2 против Ермис. Здравковски го одигра целиот натпревар.



