Вардар по два месеци пауза го одигра првиот натпреавр, што е воедно и прв во новата 2021 година. ,,Црвено-црните” тргнаа победнички во новата сезона во Сеха. Вардар славеше со 25:21.Најефикасни кај Вардар со по 4 гола беа Тимур Дибиров и Гоце Георгиевски, а Вујин постигна 3 гола. Голманот Борко Ристовски бранеше одлично и нанижа 10 интервенции.
Една од одбраните на Борко и голот на Гаџа луѓето од СЕХА лигата ја одбраа за најубав момент на мечот.



