После двата порази во низа, односно после седумдневна пауза, хокеарите на АК Барс Казањ се вратија на ледената плоча со триумф од 1-3 против Автомобилист Екатеринбург.
Фаворизираните гости, после неполни три минути игра во втората третина, веќе водеа со 0-2 со головите на Алберт Јарулин и на Дмитри Воронков.
До крајот на истиот период, Автомобилист намали на 1-2 преку Степан Хрипунов, а во третиот дел, Најџел Доус го постави конечниот резултат.
Со новите два поени, АК Барс остана на врвот на Истокот, додека Авто и покрај поразот, ја зазема шестата позиција.
📸 ak-bars.ru



