Бизнисменот Кочо Анѓушев деенска им соопштил на фудбалерите на ФК Борец од Велес дека повеќе нема да биде нивен спознор и дека се слободни да си бараат нова средина. Анѓушев преку компанијата Брако беше спонзорот на велешки Борец.
Причината за ваквата одлука на бизнисменот е поради незадоволството од односот на Општинскиот фудбалски сојуз на Велес, но и на федерацијата. Дополнителен удар за велешани е фактот што по овој состанок сите фудбалери добиле исписница, што значи дека без обештетување ќе може да го напуштат клуб, кој поради оваа ситуација влегува во голема криза, на само неколку седмици до почетокот на вториот дел од сезоната во Прва МФЛ.



