Интер го доби вечното миланско дерби и се пласираше во полуфиналето од Купот на Италија. Во драматичен меч, Милан водеше со 1:0 на полувреме, но Нераѕурите во вториот дел направија целосен пресврт и стигнаа до триумф од 2:1.
Сепак, во главна улога на дербито беа голгетерите Златан Ибрахимовиќ и Ромелу Лукаку. Првите ѕвезди на двата тима, постигнаа по еден гол, но тоа што беше најзабележително е нивниот конфликт пред крајот на првото полувреме.
Ибрахимовиќ и Лукаку прво имаа вербална расправија и тоа откако Златан застанал во одбрана на неговиот капитен Ромањоли кој имаше еден дуел со Белгиецот. Ибрахимовиќ го испровоцирал Лукаку кажувајќи некои невкусни зборови на Белгискиот репрезентативец.
Во серијата провокации, Златан му рекол на Лукаку дека го чека во тунелот на полувреме, па затоа напаѓачот на Интер повторно збесна кога заврши првиот дел. На крај се заврши најдобро по Интер, откако резервистот Ериксен во судиското продолжение постигна фантастичен гол од слободен удар.



