За првпат после 2015, Торонто Рапторс ги поразија Индијана Пејсерс на две последователни гостински натпревари.
Имено, канадските претставници синоќа славеа среде Индијанаполис со 102-107.
Во втората и во третата четвртина, Рапторс константно ја чуваа својата предност, додека во првата и во четвртата, Индијана успеваше да ја презеде иницијативата во неколку наврати.
Накрај, Огугуа Ануноби (Торонто) беше најефикасен на мечот со 30 поени, додека, од домашниот состав, најмногу поени постигна Мајлс Тарнер (25).
Исто така, Индијана, во своите редови, ги имаше единствените играчи со дабл-дабл, односно Џастин Холидеј (16 поени и 10 скокови) и Домантас Сабонис (10 поени и 19 скокови).
За Торонто (7-9), ова е петта победа на последните шест средби за деветтото место на Истокот, каде што Индијана е четврта со учинок од 9-7.
📸 Andy Lyons/Getty Images



