Сампдорија оствари гостински триумф од 0:2 и избега од опасната зона за испаѓање. Голот за водство го постигна Маја Јошида во 25 минута и со тоа тој е прв азиски фудбалер што постигнал гол во Серија А за тимот од Џенова. Крајниот резултат од 0:2 ги постави Кеита Балде во 34 минута. Јошида своевремено настапуваше во Премиерлигата за тимот на Саутемптон во периодот од 2012 до 2020 година.



