Атлетико Мадрид ја порази Валенсија со 3:1 и повторно има седум бода предност пред Реал Мадрид на табелата во шпанското првенство. Валенсија поведе со фантастичниот погодок на Урош Рачиќ, но тоа како да разлути домашните.
Пресвртот го најави Жоао Феликс со израмнувачкиот гол, а истиот фудбалер асистираше до Луис Суарез за водство од 2:1, при тоа уругваецот со гол го прослави својот 34-ти роденден. Резервистот Кореа ги постави кенечните 3:1.



