Тинекс Пролет се засили со Никола Потиќ, искусен десен бек од Србија. Потиќ пристигнува од редовите на Металург и ќе биде големо засилување на позицијата десен бек за Никола Матлиески.
Станува збор за искусен ракометар кој е „дете на белградски Партизан“. Србинот настапуваше и во шпанската АСОБАЛ-лига, носејќи го дресот на Балонмано Кангас, за хрватскиот првак Загреб, во Германија во Либек, пред да дојде во Металург.



