Во заостанат натпревар од Првата женска кошаркарска лига, група Запад, екипата на ЖКК Бадел 1862 ја побед екипата на ЖКК Шкупи со резултат 115:31 резултатот по четвртини беше (37:10, 27:6, 30:7 и 21:8).
Во натпреавр во кој што доминираа баделки и немаа спроти себе противнички кои ќе пружат поголем отпор, тренерот на тимот од Кисела Вода им даде шанса на помладите кошаркарки.
Најефикасна на натпреварот беше 15 годишната Марија Николов со постигнати 25 поени. Свој придонес во победата дадоа и Цветанка Димова со 21, Сара Максимовска со 17, Драгана Јоловиќ со 15, Сања Адамовска со 13, Мартина Маркоска со 7, Јана Петрова и Марија Димитријевиќ со 6 и Стефани Цветановска со 5 поени. Најефикасни во тимот на ЖКК Шкупи беа Цури со 18 и Салиу со 7 поени.



