Енис Барди конечно доби шанса за кам-бек на фудбалскиот терен и одигра десеттина минути во финишот на мечот против Валјадолид. Нашиот репрезентативец влезе во игра во 84. минута кога веќе беше 2:2, што е и конечен резултат на мечот. Барди немаше играно од 8. ноември лани поради повреда на грбот и пропушти 12 натпревари, а и на 13-от против Кадис иако беше резерва, немаше минутажа.



