Бугарскиот стручњак Ивајло Петев кој има 45 години е избран за нов селектор на фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина. Изборот на Петев го потврди Извршниот одбор на Фудбалскиот сојуз на БиХ, а бугаринот на оваа функција е наследник на Душан Бајевиќ. Како селектор, ја водеше Бугарија, но без преголем успех. Целта со босанските ,,Змејови” му е да ги однесе на Мундијалот во Катар во 2022 година.



