Првиот овосезонски дуел помеѓу Ванкувер Кенакс и Монтреал Канадиенс се покажа како вистинска голеада.
Имено, двете канадски екипи ремизираа со 5-5 после вкупно 65 минути игра, а Кенакс дојдоа до втората победа после пенал-серијата.
Сè до 4-4, головите паѓаа наизменично, така што Кенакс поведоа четири пати, а Канадиенс израмнија четири пати.
Монтреал го стекна првото водство на помалку од четири минути до крајот, но Кенакс успеаја да изборат продолжение.
За домаќините, Бо Хорват и Брок Босер постигнаа по два гола, а еднаш, во листата на стрелци се запиша и Тајлер Мот. Хорват погоди уште еднаш во пенал-серијата заедно со Џеј Ти Милер.
Од друга страна, поранешниот играч на Ванкувер, Тајлер Тофоли, синоќа успеа да постигне хет-трик против поранешните соиграчи, но го промаши клучниот последен пенал. Од гостинскиот состав, освен Тофоли, во регуларниот дел погодија Брендан Галагер и Јеспери Котканиеми, а единствен прецизен хокеар од пенал беше Ник Сузуки.
Прекинот на серијата од три порази по воведниот триумф му го донесе на Ванкувер четвртиот поен после пет средби со гол-разлика од 15-21, доволен за шестото место во Северната дивизија.
За Монтреал, ова е втор пораз на четири натпревари. Сепак, Канадиенс се први на Северот со шест поени.
📸 Nucks Misconduct



