Кливленд Кавалирс и Бруклин Нетс одиграа неверојатен меч што беше решен во корист на Кливленд (147-135) дури после две продолженија.
По регуларната игра, резултатот гласеше 113-113, а после првите дополнителни пет минути, екипите постигнаа по 127 поени.
Најзаслужен за триумфот на Кавалирс беше Колин Секстон со 42 поени, од кои, 22 беа постигнати во двете продолженија.
Кај Нетс, Кевин Дурант (38), Кајри Ирвинг (37) и Џејмс Харден (21) комбинираа за дури 96 постигнати поени. Имено, на двоцифрениот учинок, Харден додаде уште 10 скокови и 12 асистенции за конечен трипл-дабл.
За Нетс (9-7), ова е прв пораз по четирите врзани победи за заземање на петтото место на Истокот, додека Кливленд е седми со симболичен учинок од 7-7.
📸 Tony Dejak



