Екипата на Хувентуд е чекор поблиску до пласман во четвртфиналето на Еврокупот. „Зелено-црните“ стигнаа и до вториот триумф во ТОП 16 фазата од ова натпреварување. Беа подобри и од екипата на Нантер со резултат од 95:90 и останаа со максимален ефект во двете одиграни кола.
Ненад Димитријевиќ натпреварот го заврши со ефект од 12.поени, 8 асистенции и по еден скок, освоена и загубена топка. Во првото коло Хувентуд беше подобар од Уникаха 95:86. Додека во третото коло од групата „Е“, на 26. јануари, Димитријевиќ и соиграчите го пречекуваат вториот француски претставник, тимот на Монако.
Извор и фото: https://kfsm.mk/



