Реал Мадрид е елиминиран од шпанскиот куп и тоа на срамен начин, од третолигашот Алкојано. Кралскиот клуб водеше по првото полувреме со 1:0, со првиот гол на Милитао во дресот на Реал Мадрид, но аутсајдерот изедначи во 80-та минута и се избори на продолженија.
Фудбалерот на Алкојано Лопез во 110 минута од продолженијата доби втор жолт картон шти значи тоа беше исклучување за него, а домаќините иако со играч помалку на терен во 115 минута по одлично изработена акција во гол ја претвори Касанова за историска елиминација на кралскиот клуб.
Алкојано во претходната фаза го елиминираа тимот на Хуеска исто така се дел од Примера, но елиминацијата на Реал Мадрид од 1/16 финалето во Копа Дел Реј е вистинска сензација. Дебито на голот на Андреј Лунин ќе го памети по срамниот пораз и двата примени гола.



