Речиси сигурно е дека на крајот од сезоната Џорџино Вајналдум ќе го напушти Ливерпул и ќе го засили тимот на Барселона. Дел од германските медиуми шпекулираат дека Клоп ќе „пазари“ од редовите на неговиот некогашен клуб Мајнц 05. На радарот на германскиот стратег е 21-годишниот Леандро Бареиро, кој е репрезентативец на Луксембург.
Бареиро сезонава одигра 13 меча за Мајнц и е еден од најдобрите во тимот, а ја има улогата на централен играч за врска. Бареиро е играч кој би можел да се вклопи во системот на Клоп. Млад е, има простор за напредок, а според проценките, цената му е четири милиони евра, што секако е прифатливо за англискиот гигант.



