Синоќа, Денвер Нагетс триумфираа над Оклахома Сити Тандер, во нивниот прв меѓусебен дуел во новата сезона, со резултат од 119-101.
По неизвесната прва четвртина, Денвер ја презеде иницијативата и водеше до самиот крај, претежно со двоцифрена разлика што во еден момент изнесуваше цели 29 поени.
Никола Јокиќ, со дабл-дабл од 27 поени и од 12 скокови, беше најефикасен во победата на Нагетс, а од неговите соиграчи, до дабл-дабл дојде и Пол Милсап (13 поени и 12 скокови).
Во поразениот тим, најпрецизен, со 20 поени, беше Лугентц Дорт.
Со овој триумф, Денвер (7-7) дојде до деветтото место на Западот, односно се наоѓа на две позиции пред денешниот ривал – Оклахома (6-7).
📸 Matthew Stockman/Getty Images North America



