Новиот Суперлигаш РК Голден Арт КЛ7 за нов шеф на стручен штаб се одлучија за Игор Котевски кој е еден од најдобрите македонски ракометари. Котевски во својата играчка кариера има настапувано за Пелистер, Борец, Јафа-Промет Ресен, Вардар Ватростална, Борaц Бања Лука, Пелистер, РК Македонија, а како тренер до сега работел во младинскатa екипа на Вардар, РК Македонија, Драчево, Пролет, Бутел и Металург 2.
Котевски работи со развивање на млади таленти и заедно со новиот клуб се пронаоѓаат во нивната филозофија на работење и очекувањата се да произлезат многу квалитетни сениорски ракометари под водство на Котевски во РК Голден Аер КЛ7.
Извор и фото: RK Golden Art KL7



