Во Лигата на Европа Мaкедонската репрезентативка Јована Саздовска одигра одличен натпревар во дресот на Дунареа Браила и ремизираше против Кубан Краснодар со резултат 25:25. Јована беше стрелец на 3 погодоци.
Андреа Седлоска ќерката на Гоце Седлоски во дресот на Локомотива Загреб во рамките од ЕХФ Купот славеше во двете средби против Салерно со 33:22 и 34:18. Седлоска постигна 5 голови од 5 обиди на вториот натпревар.



