Ињаки Вилијамс со еврогол во четвртата минута од првото продолжение го нокаутира шпанскиот рекордер, Барселона и му го донесе третиот пехар во Суперкупот на својот тим, Атлетик Билбао.
Финалето во Севилја беше исклучително возбудливо, а Баскијците израмнија на 2:2 во последен момент со голот на Вилјалибре во 90. минута. Се играа продолженија од двапати по 15 минути, а одлуката за победникот во Суперкупот ја донесе Вилијамс со страшно ефектен гол во 94. минута.



