Горан Ѓоргоноски поранешниот ракометен репрезентативец за порталот Balkan-Handball.com зборуваше за состојбата во која се наоѓа Македонскиот ракомет. Некои од главните поенти кои ги изнесе се :
- Во репрезентација не треба да играат стари или млади туку само оние најподготвените и кои го заслужуваат местото таму
- Кога можеше Чупиќ за Хрватска зошто не го вратија Миркуловски да ни помогне бар по 20 минути
- Некои од репрезентaтивците мислат дека репрезентацијата е наследство од нивниот татко
- Во моментов како и да заврши со Чиле нема да смени драстично ништо. Единствено е убаво е да се победи Чиле поради некои од младите играчите кои се таму како младите стружани Костески, Кузманоски и голманот Томовски
- Многу е неблагодарно да си тренер во Македонија во моментов, бидејќи се тотално незаштитени за да вложуваат уште повеќе во себе
- Мора да се работи на добра инфруструктура, топли и опремени сали каде би тренирале денешните деца во нормални услови
Целото интервју на Горан Ѓоргоноски во видеото подолу.



