Македонската најдобра тенисерка, Лина Ѓорческа на Фјучерсот во Хамбург,Германија не успеа да ги мине квалификациите за главниот турнир во сингл конкуренција. Но затоа во двојки заедно со партнерката Софија Лансере беа елиминирани во полуфиналето од парот и четвртите носителки Амандин Хесе и Кимберли Зимерман со 2:0 (7:5 и 7:5).



