вторник, ноември 17, 2026
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт

(Фото) Весна Кираџиева, рекордерка и национална шампионка, животот и работата надвор од Македонија!

Марјан Туртуров ✏️ Марјан Туртуров
јануари 15, 2021
📁 Спорт
Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга

Весна Кираџиева, за Јави се јужна (репрезентативка на Македонија во атлетика и најтрофејна македонска атлетичарка, поранешна рекордерка и шесткратна национална шампионка во маратон), нѐ навраќа на нејзиното професионално работно и атлетско искуство во Словенија.

Во период од околу една година во 2013-14г, поминав работно во Словенија (Љубљана) каде волонтерски работев, примарно како наставничка и тренерка со деца со посебни потреби. Но, активностите беа поопширни во Центарот за деца со посебни потреби каде работев, па организиравме и ликовни натпревари за инклузија, а со цртежите одевме на линковен караван низ цела Словенија.

Освен тоа, организиравме и фестивал за инклузија кој се одржуваше во три дена на плоштадот Конгресни трг, а јас си имав и сопствена ‘работилница’ (полигон) кој на задоволство на организаторите (мојот тим), беше најпосетена активност на фестивалот.

Како дел од EVS програмата, имавме и чести обуки со волонтери од цела Европа и сето ова, плус мојата атлетска кариера ми овозможи чести патувања низ цела Словенија, па ја истражив, скоро на ниво колку Македонија.

Пријателите од Центарот ми најдоа дури и карти за да изгледам еден од кошаркарските натпревари од Европското кое баш таа година се одржа во Словенија и баш за еден од прелиминарните натпревари на Франција, која таа година беше Евро првак, со Тони Паркер (некаде позади мене на сликата) како MVP. Не дека му следев кариера или посебно следам баскет, ама го знаев зашто ѝ беше маж на Ева Лонгорија (Очајни домаќинки)

Љубљана е мало и многу уметничко градче и многу лесно се движиш со велосипед, па и тоа ми беше овозможено од пријателите во Центарот.

Еден од поубавите спомени ми е Блед, кое е веројатно најпопуларно словенско излетиште познато во светот. И сепак, некако кога ќе си го споредев со Маврово, единствена разлика е што наше Маврово не е испромовирано и извикано како Блед, во сѐ друго, можеби пристрасно и субјективно, ама ми е поубаво од Блед. Плус, околу Мавровско ез. имав должина од ~31км, Бледасково ез. ми дозволуваше само 6км. па таа недела ми се сврте во памет од вртење по 2-3 круга за едноставно истрчување.

Порторож, Пиран, Копер, сите убави приморски гратчиња, но повеќе за бротски туризам и трговија, отколку за приморки туризам, летување и капење, ама барем си имаат море.

И скоро сите училишта, основни и средни, кои имав прилика да ги посетам за време на изложбите и натпреварите, сите имаа мини стадиончиња со атлетска, тартан патека. За споредба, ние ја имаме само онаа на Градски стадион (најчесто затворен за тренирање за нас), Охрид има понова, и Велес една одамна неупотреблива. А посетив толку гратчиња, дури и селца чии имиња не ги ни паметам. Ги паметам Марибор, Јесенице, Нова Горица, сите мали, а заживеани толку добро, што жителите немаат потреба да се селат во поскапата Љубљана, туку напротив, вистинските Словенци, ретко се одлучуваат да живеат во главниот град. Тој пак, највеќе е полн со доселеници од Ех Ју или студенти.

Во средното техничко училиште во Копер, имав прилика и да бидам предавач, каде на учениците им презентирав дел од мојата работа во Словенија и дел за Македонија.

Многумина кои не ме виделе оттогаш, кога ќе ме сретнат денес, сѐ уште знаат да се изненадат и да ме прашаат “Што си се врќала бе тука, што не си останала.“ Да, таму е убаво и тревниците се сите зелени и искосени под конец, што ти станува досадно, никој за ништо не се натпреварува да се докаже, зашто на сите им е сѐ средено, па не се споредуваат многу од завист. А ако нешто им смета, веднаш се наоѓа некој да те накодоши на полиција, (пр. ако неоргански отпад фрлиш во канта за органски, во неразградлива ќеса), толку многу што дури и некој еко совесен како мене му одат на нерви таквите “пицајзли“. И да, можев да останам, ама сфатив дека јас не ѝ требам на Словенија, моето знаење, вредност, упорност, борбеност и воља за промена на подобро не им се потребни нив, туку нас, тука во Македонија. А ако сѐ што е вредно, по принцип на “таму повеќе плаќаат и сѐ им е средено“ си одиме од тука, како ќе напредува Македонија. Патот на помал отпор никогаш не бил избор за мене, не знам ни јас зошто сум таква, ама таква сум.

Tags: атлетикаВесна Кираџиевмакедонија
ShareTweet
Претходна вест

Дакар 2021: Кратко резиме на 43. рели во историјата

Следна вест

Кјево Верона го прекина сериозниот налет на Виртус Ентела

Марјан Туртуров

Марјан Туртуров

Слични вести

Македонски ѕид во Германија: Томовски ја реши битката за врвот!
Ракомет

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
16/Ное/2026
ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!
Ракомет

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
15/Ное/2026
ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!
Ракомет

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
15/Ное/2026
Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид
Ракомет

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
14/Ное/2026
Следна вест

Кјево Верона го прекина сериозниот налет на Виртус Ентела

Последно

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

ВО ЖИВО: Вардар – Алкалоид

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.