Вториот натпреварувачки викенд од Светскиот куп во ски скокови, веднаш после Новогодишната турнеја, се одржа во полскиот Закопане.
На денешната програма беа квалификациите, во кои, најдобар беше Јапонецот Јукија Сато.
Позади него, на подиумот, се пласираа Маркус Ајзенбихлер и Андржеј Стекала.
Финците барем за нијанса потсетија на славните денови, откако два нивни скокачи, Анти Аалто и Нико Китосахо, се пласираа во првите десет.
Имено, Аалто беше петти, а Китосахо – осми, додека, во нивна близина беа уште: Даниел Хубер, Цене Превц, Давид Кубацки, Тилен Бартол и Кеичи Сато.
📸 Boris Streubel/Getty Images



