Втора голема сензација на Мундијалот во Египет. По ремито на Хрватска против Јапонија, со истиот резултат од 29:29, Бразил му застана на патот на актуелниот Европски првак селекцијата на Шпанија.
Најдобри поединци во ,,Самба” тимот беа Мораеш и Лангаро со по шест гола, додека во редовите на Шпанија најмногу погодоци постигнаа Фернандез Перез, Соле и Канељас по четири гола.



