Македонската ракометна репрезентација ќе го продолжи континуитетот со настапи на големите натпреварувања, откако добивме дозвола како прва замена да се најдеме на завршницата на Светското првенство.
Капитенот Кирил Лазаров е човекот кој неверојатни 22 години е дел од националниот тим и бил дел од сите големи натпреварувања, освен на првото Европско првенство во 1998 година. Дебито на голем настап со репрезентацијата, Лазаров ја имаше во 1999 година на Мундијалот во Египет.
Сега 22 години подоцна, како легенда на светскиот ракомет и со полни 40 години, Кире како капитен на националниот тим, се враќа во Египет на планетарен собир. Нема сомнеж дека како и во претходните две децении, Лазаров ќе биде вистински предводник на Македонија на теренот.



