Ракометарите на Македонија ги добија резултатите од последното тестирање и сите се негативни на Ковид-19. Македонската ракометна експедиција е подготвена во секој момент да летне за Египет со чартер лет доколку добие повик од ИХФ.
Во моментов неколку селекции имаат проблеми со Ковид-19, селекцијата на САД има 18 позитивни случаи, Зеленортските острови имаат седум, неизвесен беше настапот и на Шведска и Чешка. Најдоцна до утре пред почетокот на Мундијалот, Македонија останува да сонува.



