Шкендија го реши голманското прашање потпишувајќи нов договор со Костадин Захов до 2023 година. Голманот е во ,,Црвено-црвените” тетовски редови од 2016 година и постојано е меѓу стативите во клубот.
Захов прикажа одлични квалитети и е еден од подобрите голмани во македонското првенство и затоа и управата на клубот се реши да ги обезбеди неговите услуги се до 2023 година.



