Во рамките на женската Примера во дербито на колото Леванте на домашен терен оствари минимална победа над Тенерифе со 1:0 со голот на Гонзалез Родригез во 32 минута и овој резултат остана до крајот на натпреварот.
Со новите три бода сега Леванте го презеде третото место на Тенерифе и има 31 бод, еден повеќе од ривалот. На првите две позиции се Реал Мадрид и Барселона на чело на табелата. Најдобрата македонска фудбалерка Наташа Андонова беше на теренот се до 62 минута кога на нејзино место влезе Гомез.



