Поранешниот тренер на Милан и Јувентус, Фабио Капело испрати критики до Кристијано Роналдо за одиграниот натпревар во дербито против Милан. Искусниот стратег напомена дека Јувентус победиле без помошта на Роналдо, дека фудбалерот бил тотално невидлив на теренот и ова дерби било најлошиот одигран натпревар за португалецот во дресот на ,,Старата дама”. Инаку Јувентус оствари победа од 1:3 на гостински терен на ,,Сан Сиро”, а Роналдо во досегашниот тек на првенството е прв стрелец со 14 постигнати гола.



