Третата локација од Новогодишната турнеја во ски скокови, традиционално се наоѓа во австрискиот град Инсбрук.
На вчерашните квалификации триумфираше водечкиот во Светскиот куп, Халвор Егнер Гранеруд, кој денес драстично потфрли заедно со Карл Гајгер и со Маркус Ајзенбихлер.
Сето тоа им појде од рака на Полјаците, кои славеа во името на Камил Штох. Со денешниот триумф, Штох го презеде водството во поредокот на турнејата со предност од над 15 поени во однос на најблискиот конкурент – Давид Кубацки.
Токму Кубацки денес се искачи на подиумот, односно на третото место, а помеѓу него и победникот се пласира Словенецот Анже Ланишек.
Во првите десетмина завршија уште: Пјотр Жила, Јукија Сато, Маркус Ајзенбихлер, Рјоју Кобајаши, Штефан Крафт, Михаел Хајбок и Грегор Дешванден.
📸 FIS Ski



