Тетовска Шкендија се наоѓа пред потпис со поранешниот македонски репрезентативец Давид Бабунски, каде што бил постигнат договор помеѓу фудбалерот и тетовските ,,Црвено-црни”. Давид Бабунски пред извесен период го раскина договорот со романски Ботошани.
Бабунски ја започна сениорската кариера во вториот тим на Барселона, а потоа од Црвена Звезда замина во Јапонија, каде промени два клуба. Во Европа се врати со понудата од романскиот прволигаш Ботошани, а веројатно во дресот на Шкендија за првпат ќе заигра во Прва МФЛ.



