Езџјан Алиоски игра во голема форма за Лидс Јунајтед, каде што оваа 2020 година со тимот од ,,Еланд Роуд” се пласираа во Премиер лига, а во првенството играат најубав фудбал, при тоа клубот се држи на средината на табелата.
Освен тоа Алиоски веќе има постигнато два гола за Лидс иако игра на позиција лев бек. Посебно голот ќе се памети против ВБА кога со вистинска бомба го најде патот до мрежата.
Со Македонија се пласираше на Европско првенство па за популарниот Џани оваа 2020 заврши на најдобар начин како што и тој самиот на Инстаграм го потврди сето тоа. Уште на стартот на 2021 година му фали потпишување на нов договор со Лидс Јунајтед.



