Манчестер јунајтед скокна на втората позиција на табелата откако вечерва со 1-0 го победи Вулверхемптон, Маркус Рашфорд со доза на среќа погоди во 93. минута за голема радост.
Победа за крај на 2020, „ѓаволите“ на Олд Трафорд го добија Вулверхемптон во натправар кој се чинеше дека ќе заврши без голови.
Среќата го посака Манчестер јунајтед или поточно Маркус Рашфорд, кој во 93. минута доби долка топка од Фернандеш, си направи простор да бие, шутираше со лева, топката закачи еден од дефанзивите на гостите, го измами голманот и заврши во мрежата.
Со овој триумф, избраниците на Солшер скокнаа на втората позиција и имаат два бода помалку од лидерот и актуелен шампион, Ливерпул.



