Осмиот ски-центар, домаќин на трка од овосезонскиот Светски куп во алпско скијање во машка конкуренција беше италијанскиот Бормио.
Воедно, мажите се тркаа во Италија уште од 20 декември во Вал Гардена, во Алта Бадија и во Мадона ди Кампиљо, а на денешната програма беше третиот супервелеслалом.
Со револуционерното скијање Рајан Кохран-Сигл (1:29,43) дојде до првата победа во кариерата. Американецот, од првото до второто мерно место, успеа да накачи досега невидени +0,99 секунди во однос тогашниот првопласиран Винсент Крихмајер. Воедно, Кохран-Сигл стана првиот Американец што победил на трка во супервелеслалом после 2006.
Накрај Крихмајер ѝ го донесе најдобриот овосезонски пласман на Австрија – второто место (+0,79). Подиумот го заокружи Норвежанецот Андре Смисет Сејерштед (+0,94), кој воедно беше последен скијач со заостаток помал од една секунда.
Пласман во првите десет изборија уште: Александар Омодт Килде (+1,18), Мауро Кавиецел (+1,36), Кјетил Јансруд (+1,37), Ромед Бауман (+1,45), Урс Кринбил (+1,48), Марко Одермат (+1,50) и Матијас Мајер (+1,53).



