Ракометарите на Бутел приредија изненадување во дербито на последното коло во 2020 година и убедливо го победија лидерот Металург со 31:23 на гостински терен. Победникот на мечот беше решен по првото полувреме што го добија гостите со 17:12, а разликата растеше и во второто полувреме за голема победа на Бутел со 8 голови.
И покрај поразот Металург остана лидер на табелата во Б групата со 27 бода, два повеќе од Бутел и пет повеќе од втората екипа на Еурофарм Пелистер. Овие три екипи ќе им се приклучат на трите најдобропласирани екипи од А групата, Охрид, Пролет и Струга и заедно со Вардар и Еурофарм Пелистер ќе играат за титулата во плејофот во најсилната македонска ракометна лига.
Најефикасен играч на натпреварот беше младиот Марко Божиновски со 10 погодоци, додека Христијан Милошески постигна 8 гола. Кај Металург ниту еден играч не се истакна и головите беа добро распоредени. Кристијан Грчевски им даде шанса на играчите што немаа досега голема минутажа, но тие ја оправдаа довербата и му го нанесоа првиот домашен пораз на Металург.
Фото: RK Butel Skopje



