Младата екипа на МЗТ Скопје УНИ Банка дојде до првата историска прволигашка победа против силниот тим на Академија ФМП со резултат од 88:77. „Штркчињата“ апсолутно заслужено дојдоа до бодовите против поискусниот противник, кој само во неколку минути од првата четвртина беше рамноправен противник.
Избраниците на тренерот Даскаловски одиграа мотивирано, квалитетно и конечно ја крунисаа добрата работа почната уште минатата дебитантска прволигашка сезона. Лука Савичевиќ со 21 поен беше најпрецизен во победничката екипа, додека Роберт Монтгомери имаше 19 поени со 20 скока. Двоцифрен поентерски ефект имаа уште и Максим Митевски и 15 и Дарио Митевски со 11 поени.



