Две одлични четвртини беа и повеќе од доволно за кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром да го откажат прволигашот од Струга од било каква помисла за некое изненадување. За 20.минути, „металците“ постигнаа рекордни во оваа сезона 67.поени, примија само 31, по што второто полувреме се претвори во една обична формалност.
МЗТ Скопје Аеродром дојде до лесна победа од 104:67, а во победничкиот табор најефисни беа Гравет со 26 поени и 11 скока, потоа Магдевски 20 поени, 7 асистенции и 6 скока беа предвоци на ,,Штрковите”.



